Барозо ја прекори Романија за реформите во правосудството

Од:

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо денеска го потсети романскиот премиер Виктор Понта дека Букурешт мора да покаже дека може да ја гарантира независноста на романското правосудство.

На заедничка прес конференција по средбата, Барозо рече дека ги цени напорите кои премиерот Понта ги вложи во последните шест месеци на исполнување на обврските што Романија ги презеде, пренесоа француските медиуми.

-Сега постојат услови, со стабилна политичка ситуација и нова влада и парламент, да се направи вистински продор во реформскиот процес, рече Барозо.

Тој, меѓутоа, истакна дека е неопходно да се види натамошен напредок по прашањето за независно судство и ги повика политичарите „да дадат пример и да отстапат доколку постојат обвинувања за корупција“.

Романскиот премиер рече дека го уверил Барозо дека „Романија е сега многу постабилна и предвидлива земја која ги исполнува сите европски стандарди“.

ЕК во неодамна објавениот извештај остро ја прекори Романија заради корупција и крешење на демократските принципи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет