Бандиќ реизбран за градоначалник на Загреб, СДП победи во Сплит, Ријека и Дубровник

Од:

Актуелниот градоначалник на Загреб, независниот Милан Бандиќ е реизбран на функцијата на вчерашниот втор круг од локалните избори во Хрватска, совладувајќи го Рајко Остојиќ од владејачката Социјалдемократска партија со речиси двојно повеќе гласови.

Наспроти, неуспехот во Загреб, СДП победи во вториот по големина град во Хрватска, Сплит, каде кандидатот на оваа партија Иво Балдасар за само неколку стотина гласови го совлада Вејкослав Иванишевиќ од опзициската Хравтска демократска заедница.

СДП или нејзините коалициски партнери победија во Ријека, Дубровник, Сисак, Вуковар и Чаковец, а независниот кандидат поддржани од владејачката коалиција Ивица Вркиќ победи и во Осијек.

Според СДП, партија победила во сите општини и жупании, каде што беше на власт и досега, освен во Пожега, а освоила и неколку други единици на локалната самоуправа.

Покрај во Загреб, СДП доживеа пораз и во трката за жупан на Истра, каде нејзиниот кандидат беше совладан од Валтер Флего од Истарскиот демократски сабори. ИДС победи и во трката за градоначалник на Пула.

Опозициската ХДЗ, покрај градочалниците што ги освои во првиот круг пред две недели, како во Задар и Шибеник, вчера победи во трката за поголемиот број жупани, како и во најголемиот број помали рурални општини.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари