Бандиќ: Подготвен сум да бидам премиер

Од:

Се гледам во секаква улога во која можам да придонесам за Хрватска. Па ако во 16 години и пет мандати не ги потврдив референците за да бидам иден премиер на Хрватска, не знам кој тоа го направил, изјави градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

– Никој во Хрватска не добил два мандати на чело на земјата. Јас имам 5 мандати како градоначалник. Без мене нема да може да формираат власт. Подготвен сум да бидам премиер, изјави бандиќ, во разговор за телевизијата Н1.

Инаку Бандиќ беше уапсен во октомври минатата година за аферата Аграм. Во аферата Аграм, Бандиќ е осомничен дека го оштетил градот Загреб, со кој управува 12 години, но и дека со неплаќање данок на донации примени во неговата претседателска кампања во 2010 година го оштетил државниот буџет. Вкупната „штета“ обвинителството ја процени на околу 20 милиони куни.

Истрагата против Бандиќ беше проширена откако Вида Демарин, како претседателка на управниот совет на Загрепската фондација за помош на лицата заболени од цереброваскуларни болести, на истражните органи им раскажала дека Бандиќ во два наврата ја наговарал да го смени својот исказ и да потпише документ со невистинита соддржина.

Кон средината на февруари против Бандиќ беше покренато и обвинение со кое Ускок го товари дека со двајца други обвинети од здружението „Во име на семејството“, при собирањето потписи за распишување на референдумот „ Да ги бираме пратениците со име и презиме“ се стекнал со незаконска корист од најмалку 308.000 куни. Но, загрепскиот суд ова обвинение му го врати на обвинителството на доработка.

Во меѓувреме, тој продолжува со својата политичка кариера.

– Секоја позиција која ќе ми ја дадат граѓаните на изборите. Се за граѓаните – бидејќи не сум се родил, па нема ни да умрам како градоначалник на Загреб. За месец-два ќе видиме што и како ќе правам. На Хрватска и е потребна паметна, енергична рака, оценува Бандиќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик