Балканот повторно погоден од поројни дождови

Од:

Поројните врнежи проследени со силен ветар, грмежи и на одделни места и град, не го напуштаат регионов во почетокот на септември, кој е соочен во следните неколку дена со нестабилно време, јавија медиумите во регионот.

Во Босна и Херцеговина е издаден порокалов метеоаларм, во Хрватска црвен.

Во изминатите 24 часа на подрачјето на Требиње наврнаа 118 литри дожд по метар квадратен, што е рекордно количество ова лето.

Црвен метеоаларм е издаден во Хрватска поради циклонот Симеон кој зафати подрчје на цел Јадран. Имено, во изминатите 24 часа  во Дубровник наврнаа повеќе од 190 литри дожд на метар квадратен, што одговара на тримесечен просек на врнежи во есенски месеци.

И понатаму на сила се редовни мерки за одбрана од поплави на Вараждинското подрачје и за реката Мура која се излеа.

Нестабилно време ќе се задржи оваа недела и во Црна Гора. До утрово во Петровац наврнаа 200 литри дожд на квадратен метар, во Будва вчера за само шест часа имаше повеќе од 130 литри дожд што е за 120 отсто повеќе од вообичаени колличини во месецот септември.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско