Австриската министерка за внатрешни работи ќе го опомене Косово во врска со азилантите

Од:

Австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер планира за време на балканската турнеја, особено во Косово, сериозно да разговара за проблемите на азилантите, пишува весникот „Кронен цајтунг“.

Под мотото „платете 30 евра и за возврат ќе добиете 500 евра“, автобуските превозници од Косово моментно водат кампања преку огласи за патување во Австрија. Со тоа ги повикуваат косовските граѓани да патуваат во Австрија и да поднесат барање за добивање азил.

Имено, доколку еден апликант, чие барање е одбиено, доброволно ја напушти Австрија има право на „почетна помош“. Меѓутоа, не станува збор за „рекламираните“ 500, туку за само 50 евра.

Минатата година 1.901 лице од Косово поднеле барање за добивање азил, а оваа година има веќе 535 молби, и покрај фактот дека шансите за добивање азилантски статус се речиси невозможни.

Косово е меѓу првите пет земји од каде потекнуваат најголемиот број баратели на азил во Австрија.

Би можело да ве интересира

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане