Аврамопулос: Напорите во совладувањето на бегалската криза не даваат резултати

Од:

Комесарот на Европската унија за миграција Димитрис Аврамопулос изјави денеска дека напорите во совладувањето на бегалската криза не даваат резултати и оти се поголем број држави членки ја засилуваат пограничната безбедност пред приливот на бегалци и мигранти.

Аврамопулос обраќајќи се пред европските пратеници предупреди дека ситуацијата се влошува бидејќи илјадници луѓе и понатаму пристигнуваат секојдневно во Европа бегајќи од судири или сиромаштија.

– Се повеќе држави членки повторно воведуваат погранична контрола како одговор, наведе тој.

ЕУ покрена во септември план за распределба на 160.000 бегалци кои пристигнуваат во Грција и Италија, но досега помалку од 300 се „вдомени“ во други држави.

– Тие планови не ги дадоа очекуваните резултати, нагласи комесарот Аврамопулос.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос