Аврамопулос бара истрага на тврдењата дека активисти на Златна зора биле обучувани од воени инструктори

Од:

Грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулс побара да биде спроведена истрага во врска со тврдењата во весникот „То Вима“ дека активисти на неонацистичката партија Златна зора биле обучувани од инструктори на специјалните единици на армијата на Грција.

Министерот побарал од началникот на Генералштабот на Вооружените сили веднаш да биде спроведена истрага и доколу се потвдат наводите во текстот да бидат преземни мерки против одговорните.

Во текстот под наслов „Тајната војска на Златна зора“, се наведува дека активисти на оваа партија биле тајно обучувани од армиски инструктори.

– Во Златна зора има апсолутна воена структура и располагаме со околу 3.000 лица, подготвени за секакви дејствија, а поседуваме и околу 50 различни одреди за извршување напади, пишува „То Вима“, цитирајќи претставник на неонацистичката партија.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески