Авион на Кроација поради маглата во Загреб и потресот во Сплит завршил во Дубровник

Од:

Авионот на Croatia Airlines, кој вчера попладне тргнал од Лондон за Загреб, слетал во Дубровник по неколку измени на планот на летот.

Имено, како што објави avioradar.net, по пристигнувањето во реонот на зоната на аеродромот во Загреб, екипажот на летот бил информиран за процедурите за слаба видливост (LVP), кои биле во сила поради маглата. Но, копилотот на летот, според нивните неофицијални информации, не бил овластен да оперира во овие услови на таа позиција. Затоа, авионот извесно време летал над Загреб, додека не се најде решение.

Решението на крајот беше Дубровник. Сплит отпаднал поради земјотресот. Авионот безбедно слетал во Дубровник во 21:40 часот.

„Останува прашањето како Кроација ерлајнс избра екипаж за летот од Лондон кој ја нема потребната обука за слетување под условите кои се вообичаени во овој период од годината на аеродромот во Загреб.

Забележуваме дека останатите авиони успешно слетале во тој период“, заклучува avioradar.net.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик