Атинската полиција ги растера анархистите кои го окупираа Ректоратот

Од:

Групата анархисти кои пред 19 дена го окупираа Ректоратот во Атина за да извршат притисок на Владата беа растерани од страна на полицијата рано изутринава.

Полицијата по налог на државниот обвинител ја обиколи зградата во центарот на главниот град, а во акцијата уапсени се 14 лица.

Евакуацијата следува еден ден после првото гласање во Парламентот со кој е одобрен нацрт-кривичен закон со кој се укинуваат затворите со високи безбедносни мерки.

Анархистичкото движење бара Владата да продолжи да ги укинува „безбедносните“ казнени мерки кои ги вовеле претходните влади.

Анархистичкото движење во текот на последните седмици врши притисок на Владата на Алексис Ципрас со окупирање на јавни згради и објекти на партијата Сириза.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески