Атина: Разбиена меѓународна криминална мрежа за фалсификување документи

Од:

Грчката полиција во Атина разби организирана меѓународна мрежа за фалсификување документи. Седиштето на мрежата се наоѓа во Тирана.

Мрежата обезбедувала фалсификувани документи на работници и илегални имигранти за нивно префрлување во Европа и САД, јави АНА-МПА.

Профитот од фалсификувањето документи надминувал десет милиони евра.

Грчките власти уапсиле тројца Албанци, меѓу кои и лидерот на криминалната мрежа.

Запленети се над три милиони копии за визи за различни земји, а исто така и формулари за документи.

Криминалната група располагала со најмодерна техника за фалсификување пасоши за сите земји.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе