Атина повикува на постепена евакуација на бегалците од Идомени

Од:

Грчкиот министер за здравство Андреас Ксантос повика на постепена евакуација на бегалците од граничниот камп Идомени, како „единствено решение“ за хуманитарната криза таму, откако хуманитарните агенции почнаа да се повлекуваат од прифатните центри во Грција, незадоволни од неодамнешниот договор меѓу ЕУ и Турција за кој сметаат дека е во спротивност со меѓународното право.

Како при јави дописникот на МИА од Атина, УНХЦР, Доктори без граници (МСФ), Меѓународниот комитет за спас, Норвешкиот совет за бегалци и Спасете ги децата се изјаснија дека се повлекуваат, затоа што не се согласуваат со „масовното протерување на бегалците предвидено со неодамнешниот договор меѓу ЕУ и Турција“.

Бегалците и мигрантите, исто така, го изразија својот револт и вчера одржаа протести во камповите низ земјата.

Ксантос, кој го посети Идомени, изјави дека хигиената и условите за живот во кампот се очајни и побара од агенциите за помош да се вратат.

– Ситуацијата тука е дефиниција за хуманитарна криза, рече тој, додавајќи дека кампот не е одржлив и токму затоа единствено решение е постепена евакуација.

Грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас, пак рече дека под овие услови, тој не може да гарантира дека некое дете бегалец нема да почине.

Повлекувањето на НВО ќе има големо влијание врз здравјето на бегалците.

– Има луѓе кои се тука повеќе од еден месец и се исцрпени, и медицинските потреби се огромни, изјави Аспасија Какари, претставник на МСФ, која рече дека одлуката на агенцијата привремено да се повлече од кампот е диктирана од „загриженоста за безбедноста на персоналот“ по тепачка што се случила во близина на шаторот на агенцијата.

Според последните проценки од страна на координативното тело за бегалската криза, во Идомени има 12.000 бегалци, од кои околу половина се деца, додека во цела Грција има 49.085 бегалци и мигранти.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески