Атина: Несогласувањата меѓу ЕУ и ММФ го попречуваат договорот

Од:

Сериозните несогласувања и противречности меѓу кредиторите ЕУ и ММФ ги попречуваат преговорите со Грција, објави денеска грчката влада.

Поради таквата неможност за согласнсот меѓу институциите не може да има компромис, се наведува во комунике на грчката Влада, додавајќи дека за ситуацијата исклучителна одговорност сносат кредиторите.

Грчката Влада ги обвини ЕУ и ММФ дека водат различни стратегии.

– ММФ се согласува за намалување на првичниот буџетски суфицит со крајна цел да се избрише државниот долг на земјата, така што таа ќе стане поенергична. Фондот сепак е непопустлив во однос на реформите на пазарот на труд и пензискиот систем, тврди владата во Атина.

Од друга страна ЕУ се противи на реструктурирање на долгот, но е пофлексибилно во однос на тешките реформи за пензиите и пазарот на трудот, се наведува во соопштението на владата.

Поради ваквите несогласувања грчката влада одлучи да не прави нови закони поврзани со реформите пред да има договор со кредиторите. Неколку месеци Атина и кредиторите не можда да постигнат согласност за мерките, кои земјата треба да ги преземе за да биде доделена последната транша од помошта за земјата во вредност од 7,2 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески