Атина го демантира пишувањето на „Билд“ за вонредни избори во Грција

Од:

Официјална Атина денеска го демантираше пишувањето на германскиот весник „Билд“ дека Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас се подготвува за вонредни парламентарни избори.

Германските медиуми ја пренесуваат изјавата на грчкиот министер Алекос Фламбурарис, кого го означуваат како еден од најблиските сојузници на Ципрас, во која тој ги отфрла шпекулациите за нови избори.

– Нема никаква основа за тоа. На Грција не и се потребни избори, рекол Фламбурарис.

„Билд“, повикувајќи се на „извори блиски до Владата во Атина“, објави дека премиерот Ципрас ја разгледува можноста за вонредни избори за да покаже дека Грците се со него во неговите настојувања да се натераат меѓународните кредитори да прифатат нови преговори околу условите за покривање на грчката неликвидност од 240 милијарди евра.

– Ние нема што да изгубиме. Ако ЕУ остане на својата тврда позиција (кон Грција), ние мораме да им покажеме дека сме цврсти, порачал министерот Фламбурарис.

Потпретседателот на европскиот Парламент, Александар Граф Ламбсдорф за германските медиуми изјави дека доколку официјална Атина навистина се определи за вонредни избори, тогаш тие ќе претставуваат своевиден „референдум за иднината на Грција во еврозоната“.

Претставник на Коалицијата на радикалната левица (Сириза) на премиерот Ципрас, меѓутоа, изјави дека само германскиот весник „Билд“ посакува одржување вонредни избори во Грција.

Левичарската партија Сириза и Ципрас, кои победија на предвремените парламентарни избори во јануари оваа година, побараа од своите партнери во зоната на еврото и во ЕУ „солидарност и разбирање“ за позицијата на новата влада во Атина, со цел на Грција да и се даде време „да земе здив“ со нови преговори за долгот за строгите мерки за кратење на буџетската потрошувачка и за репрограмирање на долгот.

На 1 мај Грција ќе мора да му врати на ММФ 203 милиони евра, а на 15 истиот месец уште 770 милиони. Од друга страна до 20 овој месец Атина мора да ја презентира својата програма за реформи на кои инсистираат кредиторите.

Германските медиуми тврдат дека грчката Влада „забрзано ги троши парите“. Овој месец таа ќе мора да исплати 2,4 милијарди евра за платите на вработените во јавниот сектор и за пензии.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески