Аранч изрази надеж дека сите проблеми во односите меѓу Турција и ЕУ наскоро ќе бидат решени

Од:

Никој нема право да кажува дека односите меѓу Турција и Европската унија имаат краткорочен карактер, изјави турскиот вицепремиер Булент Аранч по вчерашната седница на Владата.

– Нашите односи започнаа пред 45 години. Процесот продолжува и ние прифаќаме, дека може да се усложни поради некои препреки, призна Аранч.

Тој истакна дека блокирањето на некои поглавја од преговорите е по иницијатива на некои земји водени од внатрешно-политички причини.

– Ниту една од земјите не треба во никој случај да ги политизира преговорите или да поставува пречки од политички карактер. Сметам дека сите проблеми кои постојат во односите меѓу Турција и ЕУ, наскоро ќе бидат решени, изјави Аранч и нагласи дека Анкара води разговори со Париз и Берлин за одблокирање на некои поглавја од преговорите.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски