Апел за враќање на Косовците од Сирија и Ирак

Од:

Поглаварот на Исламската верска заедница на Косово, Наим Трнава ги повика сите млади Косовци кои војуваат во Сирија и Ирак да се вратат во Косово, ветувајќи дека ИВЗ и косовските институции ќе им овозможат реинтеграција во општеството.

– Ги повикувам сите млади кои војуваат во Сирија и во Ирак да се вратат дома. Овој апел, го упатувам и како Поглавар на ИВЗ и како родител, изјави Трнава на гостувањето на косовската телевизија.

Според него, како што јави дописникот на МИА, во Сирија и Ирак не се води света војна, а овие млади луѓе се измамени од  одредени групи и поединци кои не му посакуваат добро на Косово.

Тој вели дека во рамките на ИВЗ на Косово нема екстремни лица, потенцирајќи дека на таквите нема да им се дозволи да останат во неа ниту минута. Трнава сепак признава дека во Косово по војната повеќе имами проповедаат „поинаков ислам“.

– Секако има повеќе, но не многу имами, кои во последно време, односно по војната, се обидуваат да проповедаат поинаков ислам, оддалечувајќи се од она што е основа и тоа да го компензираат во име на онаа култура која ја земале од земјите каде што студирале. ИВЗ е многу загрижена  поради што  одржуваме многу средби, вели Трнава.

На почетокот на јануари, по се почестите заминувања на млади Косовци на боиштата во Сирија и зголемениот број загинати, Трнава упати јавен повик до младите Косовци да не заминуваат за Сирија. Според него, војната во оваа блискоисточна земја нема ништо заедничко со верата и оние кои се убиени не се херои затоа што таму се води братоубиствена војна.

Заминувањето во Сирија, како што рече,  нема ништо заедничко со исламските начела и оти умирањето на сириска почва нема ништо со вредностите кои може да ги има еден херој кој гине во војна кога има потреба од негово загинување.

На боиштата во Сирија војуваат над 300 млади Косовци или околу 600 Албанци од Балканот, а на сите нив, вклучувајќи ги и оние од Македонија, командант им е 25-годишниот Косовец, Лавдарим Мухаџери.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ