Анкета: Повеќето Грци сакаат Нова демократија да дојде на власт

Од:

Опозициската Нова демократија е најпопуларна партија во Грција и води пред владејачката Сириза, покажа најнова анкета спроведена од страна на компанијата „Паблик ишју“ за левичарскиот весник „Авги“.

Анкетата покажува дека мнозинството Грци се сериозно незадоволни од сегашната коалициска Влада на Сириза и Независни Грци, и за нив се изјасниле само 14 проценти од граѓаните, додека за Влада на Нова демократија биле 36 отсто од Грците.

Според анкетата, како што јави дописникот на МИА од Атина, 42 отсто Грци рекле дека лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис е најдобар избор за премиер, додека 23 отсто го избрале Алексис Ципрас.

Девет од десет граѓани се изјасниле дека се незадоволни од Владата, а 51 отсто гласале во корист на предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески