Анкета: Мост со намален рејтинг во Хрватска

Од:

Два месеца по парламентарните избори во Хрватска рејтингот на ХДЗ и на СДП е зголемен, додека популарноста на партијата Мост регистрира пад, објави Хрватската телевизија.

Според анкета на Промоција плус, ако сега има избори Мост ќе добие 12,6 отсто гласови додека пред еден месец тие имаа поддршка од 15,4 отсто.

Резултатите од анкетата укажуваат дека на прво место ќе биде Социјалдемократската партија со 29,6 отсто, а Хрватската демократска заедница би добила 29,3 отсто гласови.

На изборите во ноември, ХДЗ доби 59 мандати, СДП 56 мандати, а Мост 15 мандати во парламентот во кој има место за 151 пратеник.  По речиси два месеца преговори, ХДЗ и Мост го предложија Тихомир Орешковиќ да состави влада. Тој има рок до 22 јануари да го претстави својот кабинет пред парламентот.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари