Анкета: Мнозинството Турци против присуството на сириски бегалци во земјата

Од:

Мнозинството турски граѓани не го одобруваат присуството во земјата на голем број сириски бегалци, што тие ги сметаат за извор на тензии, покажува најновото истражување на јавното мислење.

Истовремено, денеска турската Влада ја потврди политиката на „отворени врати“ за сириските бегалци.

Според истражувањето на центарот за миграциски студии на универзитетот Хаџетепе во Анкара 62,3 проценти од испитаниците сметаат дека околу 1,6 милиони Сиријци, кои официјално влегле на турска територија од почетокот на војната во 2011 година, му штетат на социјалниот мир во земјата.

Освен тоа 57,4 отсто од анкетираните сметаат дека Турција треба итно да стави крај на ваквото масовно преселување. Според истражувањето 70 проценти од Турците сметаат дека присуството на сириски бегалци тежи на турската економија, додека 60 отсто од испитаниците изразуваат жалење што нивните даноци служат за финансирање на масовно присуство на бегалци на турска територија.

Турција претходно објави дека обезбедила над 4 милијарди долари за сириските бегалци.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска во Анкара повотно изјави дека неговата земја ќе продолжи со политиката на „отворени врати“ за сириските бегалци. Помалку од 300.000 Сиријци се сместени во привремени кампови, додека останатите живеат во тешки услови во поголемите градови низ земјата.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски