Анкета: Филип Вујановиќ со поголеми шанси за победа на претседателските избори во Црна Гора

Од:

Филип Вујановиќ има поголеми шанси да победи на претседателските избори во Црна Гора од неговиот противник Миодраг Лекиќ, покажуваат резултатите од анкетата на Центарот за демократија, спроведена од 16 до 22 март.

Кандидатот на владејачката Демократска партија на социјалистите и досегашен претседател Филип Вујановиќ ја има поддршката на 54,7 отсто од анкетираните, а за независниот кандидат Миодраг Лекиќ би гласале 45,3 проценти.

Според резултатите од анкетата, на 7 април на гласање ќе излезат околу 40 проценти од граѓаните со право на глас.

Најпопуларен политичар во земјата е Филип Вујановиќ, на второ место се наоѓа премиерот Мило Ѓукановиќ, а трет е Лекиќ.

Анкетата на Центарот за демократија покажува мало опаѓање на довербата во институцијата претседател, во полицијата и во судскиот систем, а Православната црква е меѓу најпопуларните институции во Црна Гора.

Членството на земјата во ЕУ го поддржуваат 61 процент од испитаниците, 31 отсто се за членство на државата во НАТО, а 52 отсто не го одобруваат членството во Алијансата.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора