Анкета: 64 отсто од албанските граѓани за обединување со Косово

Од:

Анкетата спроведена во Албанија, од страна на фондацијата „Култ“ со седиште во Тетово, покажала дека дури 64 отсто од албанските граѓани се за обединување со Косово, додека 25 отсто се против.

На прашањето дали обединувањето ќе се случи пред обединувањето во Европа, 43 отсто од испитаниците одговориле со „да“, 42 отсто со „не“, јави дописникот на МИА.

– По изјавата на албанскиот премиер Сали Бериша, во Скопје, на одбележувањето на 100 годишнината од независноста на Албанија, за национално обединување и барањето на Алијасата „Црвено црни“ за спроведување реферндум за обединување на Албанија со Косово, како фондација направивме анкета, на почеток во Албанија, потоа продолжуваме во Македонија и во Косово, за да видиме колку Албанците се подготвени за национално обединување, изјави претседателот на фондацијата, Наим Зенгу на презентирањето на резултатите во Тирана.

Анкетата која е прва, пред парламентарните избори во Албанија, покажала дека за парламентарните избори во земјата кои ќе се одржат на 23 јуни 2013,  највисок рејтинг има опозиционата Социјалистичка партија.

На прашањето за кого би гласале доколку во овој миг се одржат парламентарните избори, за Социјалистите на Еди Рама би гласале 36,5 отсто, за демократите на Сали  Бериша 29,6 отсто. На трето место се ултранционалистите Црно – црвени  на Крешник Спахиу, Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета би добило 4,7, додека пак партијата на поранешниот претседател Бамир Топи 4,1 одсто.

Во анкетата биле вклучени 1.200 испитаници, по случаен избор во сто населени места во Албанија а била спроведена од осми до дванаесетти декември.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот