Анкара: Турски ловци соборија сириски хеликоптер

Од:

Авиони на турското Воено воздухопловство денеска соборија сириски хеликотер кој навлегол во воздушниот простор на јужна Турција, соопшти вечерва турскиот министер за одбрана, Исмет Јилмаз.

– Соборивме сириски хеликотер кој ја премина границата и речиси пет минути леташе во длабочина од 11 километри, нагласи Јилмаз.

Претходно денеска, турската телевизија НТВ јави дека турски ловци собориле сириски воен авион кој навлегол во воздушниот простор на Турција, по што остатоците на леталото паднале на територијата на Сирија.

Телевизјата „Хабер Турк“ пак јави дека пилотот на авион го преживеал падот и бил заробен од сириските бунтовници во реонот на градот Идлиб.

Меѓутоа, сириската армија ги демантираше ваквите тврдења нагласувајќи дека турските авион собориле „беспилотно летало“.

Како што јави ТАСС, сириската армија посочи дека беспилотното летало управувано од далечина било во извидувачка мисија во пограничните региони на Сирија во кои дејствуваат „екстремисилки банди“.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија