Анкара размислува за воведување контрамерки кон Германија

Од:

Турција ја разгледува можноста за воведување контрамерки кон Германија, откако германските пратеници изгласаа Резолуција со која убиствата врз Ерменците во 1915 година се прогласени за геноцид, изјави денеска турски функционер кој побара да остане анонимен.

Како што пренесува Танјуг, овој функционер пред странски новинари изјавил дека преговорите со ЕУ се во „ќорсокак“, и дека безвизниот режим за турските држвајани бил „чекор во вистинскиот правец“. 

– Во моментот разгледуваме контрамерки изјавил турскиот функционер несакајќи да открие за какви контрамерки се работи, туку само побарал официјален Берлин да се дистанцира од усвоената резолуција. 

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски