Анкара против учество на сириските Курди во операцијата во Рака

Од:

Турција денеска ги критикуваше плановите на САД за вклучување на силите на сириските Курди во најавената операција за освојување на градот Рака, кој важи за престолнина на т.н. Исламски Калифат, што го прогласи џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Како што јави ДПА, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Анкара е подготвена да соработува со САД во преземањето на контролата врз Рака, но дека е неприфатливо турските сили да се борат заедно со припадниците на „терористичката организација“ Сили за заштита на народот.  

Силите за заштита на народот се воено крило на организацијата на сириските Курди, Партија на демократската унија, која Анкара ја обвинува дека е поврзана со Курдската работничка партија (ПКК).

Ердорган нагласи дека турските сили планирале прво да ја потиснат ИД од градот Ал Баб, кој се наоѓа источно од Алепо, а потоа да продолжат кон Минбаџ, кој е под контрола на силите на сириските Курди,.

– Сега кога го зазедовме Ал Баб продолжуваме со борбите и напредуваме кон Минбаџ и Рака, истакна Ердоган.

Тој нагласи дека за ваквите планови вчера во телефонски разговор го информирал и американскиот претседател Барак Обама.

Ердоган истакна дека ирачкиот регион Синџар, западно од Мосул е на пат да се претвори во нова база на бунтовниците од ПКК и дека Турција нема да го дозволи тоа. 

Командантот на антиџихадистичката операција „Непоколеблива решителност“, американскиот генерал Стивен Таунсенд вчера изјави дека единствена сила на теренот која има потенцијал да се бори против ИД во Рака е коалицијата Сириски демократски сили, чиј дел е и курдската група Сили за заштита на народот.   

Претходно, американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави дека операцијата за „изолирање на Рака“ ќе стартува во следните недели, нагласувајќи дека таа би можела да започне и пред целосното ослободување на ирачкиот град Мосул од ИД.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски