Анадолија со сервис и на курдски јазик

Од:

Турската новинска агенција Анадолија од утре ќе објавува вести и на курдски јазик.


Анадолија отвори канцеларија во Ербил, регионален административен центар во северен Ирак, а вестите ќе бидат на двата дијалекти на курдскиот јазик – курмански и сорански.


Покрај турскиот, англискиот, арапскиот, рускиот и босанскиот јазик, курдскиот ќе биде шести јазик на кој Анадолија ќе објавува вести.


Во Ербил се вработени 40 лица, а во Сулејманија и во Киркук се подготвуваат канцелариите.


Сервисот на курдски јазик беше најавен пред една година, на одбележувањето на 92-годишнината од постоењето на Анадолија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски