Амнести интернешнл бара Србија и Косово да спроведат истрага за исчезнатите лица

Од:

По повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица, кој се одбележува денеска, организацијата Амнести интернешнл ги повика Србија и Косово да спроведат брза, независна, ефикасна и непристрасна истрага против осомничените за присилни исчезнувања и киднапирања, извршени пред, за време и после оружениот судир во Косово во 1999 година.

Меѓународната организација за заштита на човековите права во својот извештај истакнува дека и  15 години после завршувањето на конфликтот околу 1.700 лица се сметаат за исчезнати.

Амнести наведува дека во Босна и Херцеговина 7.800 лица се водат за исчезнати, а во Хрватска 2000. Нивните семејства се уште чекаат да бидат пронајдени телата на нивните најблиски. Дури и во оние случаи кога телата се пронајдени и вратени на семејствата за да ги погребаат, многу мал број одговорни за киднапирање и исчезнување на луѓе биле изведени пред лицето на правдата.

Иако Србија, Црна Гора и БиХ ја ратификуваа меѓународната Конвенција за заштита на сите лица од насилни исчезнувања, тие допрво треба да ги завршат своите обврски и да им ја кажат вистината на семејствата на исчезнатите за околностите на исчезнувањето, текот и резултатите од истрагата. Хрватска и Македонија ја потпишаа, но се уште не ја ратификуваа Конвенцијата, наведува Амнести.

Организацијата Амнести интернешнл изразува загриженост и ги повикува сите поранешни команданти и политички лидери вмешани во оружените судири да обезбедат целосни информации за локациите на потенцијалните гробници, како и повторно да воспостават протоколи за размена на вакви информации.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски