Амфилохије: Хомосексуалци и педофили се исто

Од:

Митрополитот црногорско –приморски Амфилохије изјави дека според него хомосексуалците и педофилите се дел од иста приказна и додаде дека има ист однос кон пензионираниот владика Василије Качавенда и геј парадите.

Според него помеѓу педофилите и хомосексуалците нема разлика.

-Извинете но грев е грев. Може да го наречете како сакате, но во суштина во прашање е иста приказна. Библиски, евангелски и христијански гледано тоа е иста приказна – изјави тој.

На прашањето како е можно Качавенда да биде само пензиониран, а не и разрешен, Амфилохије вели дека сепак е даден знак дека црквата не го толерира гревот.

-Даден е знак и показател дека црквата не го толерира гревот, особено ваквиот грев, рече митрополитот, додадвајќи дека црквата не го осудува човекот туку гревот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора