Aмериканецот Дејвид Швендиман ќе биде главен обвинител на Специјалниот суд за воени злосторства на Косово

Од:

Главен обвинител на Специјалниот суд за воени злосторства, извршени од Армијата за ослободување на Косово, ќе биде Американецот Дејвид Швендиман, пренесе Танјуг, повикувајќи се на приштинската агенција Косовапрес.

Веќе една година Швендиман ја предводи специјалната екипа која ги истражува тврдењата од извештајот на специјалниот пратеник на Советот на Европа, Дик Марти, за претпоставена трговија со човечки органи, кои биле вадени од заробеници во Косово.

Швендиман потекнува од државата Јута, каде ја почнал својата правничка кариера, бил адвокат и професор по право, а се занимавал со истражување на воени злосторства во различни зони од светот.

Во 2001 година бил аташе за правни прашања во американската амбасада во Авганистан, а од 2006 до 2009 година бил меѓународен обвинител во специјалниот оддел за воени злостроства на државното обвинителство на Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски