Амбасадорка на САД во Приштина ги покажа повредите од активистите на „Самоопределување“

Од:

Американската амбасадорка во Косово, Трејс Ен Џејкобсон, покажа фотографија, каде јасно се гледа дека е повредена од активисти на Движењето

„Самоопределување“ на Аљбин Курти, кога сакала да влезе во косовскиот Парламент. Амбасадорката во четвртокот планирала да присуствува на седницата на Парламентот, каде се гласаше ратификацијата на договорот Косово-Србија. Но, активисти на

„Самоопределување“ на организиран начин го попречија учеството на пратениците и на амбадорите на седницата. Членовите и активисти на движењето го блокираа влезот во Парламентот, при што ја повредиле Џејкобсон. По интервенцијата на полицијата таа сепак влегла во Парламентот.

Веднаш по овој чин реагираше и Амбасадата на САД во Приштина, осудувјќи го нападат врз дипломатот на САД.

Инаку, во судирот меѓу полицијата и „Самоопределување“ беа повредени најмалку 17 полицајци, а седумдесеттина активисти и членови на движењето беа притворени.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ