Амбасадата на Германија во Приштина предупредува на „егзодус“ во Косово

Од:

Германската Амбасада во Приштина предупреди на „лавина азиланти од Косово“, објави „Билд ам Зонтаг“, наведувајќи дека дипломатите бараат итна акција од германските власти и веруваат дека со брзи мерки, пред се од Берлин, може да се запри масовниот егзодус во Косово.

– Колку е драматична ситуацијата во најсиромашната земја во Европа, покажува и повикот за помош на Амбасадата на Германија во Приштина од 3. февруари, упатен до германското Министерство за надворешни работи, при што се посочува дека има драматичен пораст на иселувањето на Косовците, пишува „Билд ам Зонтаг“.

Весникот наведува дека илјадници луѓе заминуваат од Косово и дека најголемиот број илегално пристигнуваат во Германија.

Германската амбасада во Приштина бара од Берлин да се намали постапката за враќање на илегалните имигранти во Косово.

Според податоци на германскиот Сојузен завод за миграција и бегалци, минатата година 8.923 Косовци поднеле барање за азил во Германија, што е за 101 проценти повеќе во споредба со 2013 година.

Во меѓувреме унгарската полиција соопштија дека вчера привеле 1.022 имигранти кои нелегално ја преминале српско-унгарската граница. Од приведените 991 биле Косовци. Во петокот во реонот на Чонград биле задржани 1.269 илегани имигранти од кои 1.233 лица се од Косово.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов