Албанските инфектолози бараат масовно тестирање од СИДА во земјата

Од:

Зголемениот број на новозаразените од ХИВ/СИДА за првите пет месеци од годинава предизвика вознемиреност кај албанските инфектолози, поради што тие бараат масовно тестирање на населението.

– Трендот е во пораст. Само во првите пет месеци од годинава регистрирани се нови 56 случаи. Треба да се посвети посебно внимание на ова прашање. Албанските граѓани, посебно групите, кои ние ги сметаме за ризични, потврдуваат опасни сексуални последици.

– Тестирањето се нуди во Албанија и затоа тоа треба да се врши помасовно, смета инфектологот Арјан Харџи.

Лекарите бараат тестот за ХИВ/СИДА да биде задолжителен во гинеколошките клиники за бремените жени, а за сите други во поликлиниките. Исто така, според нив, граѓаните него треба да го прават доброволно.

Странските лекари, пак, бараат соработка меѓу Министертвото за здравство и лекарите инфектолози. Ова е изнесено на средбата на албанските и британските лекари за размена на искуства во врска со ХИВ/СИДА, хепатит и туберкулоза.

– Иако Албанија е земја со ниска преваленција, бројот на заразените со ХИВ/СИДА е во постојан раст. Тоа подразбира дека треба да се преземат соодветни мерки за понатамошно стопирање на бројот на заразените.

– Министертвото за здравство треба да соработува со лекарите-инфектолози за масовно тестирање, во континуитет на популацијата и да се понуди соодветно лекување на заразените, според меѓународните здравствени протоколи, изјави Мике Ѕоуле, британски инфектолог.

Моментално во Албанија евидентирани се 570 случаи со ХИВ/СИДА, но постојат индиции дека тој број е двојно поголем.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент