Албанскиот воен брод „Бутринти“ спаси 50 нелегални мигранти

Од:

Албанскиот воен брод „Бутринти“ во текот на ноќта спаси нелегални мигранти во водите на Егејско Море, кои се наоѓале во моторен чамец, за кој постоела опасност да потоне.

-Спасени се 50 патници, од нив 40 мажи и 10 жени. Илегалните имигранти испловиле од турскиот брег кај градот Чешме кон грчкиот остров Хиос. Веднаш беа известени турската и грчката поморска патрола и Фронтекс, по што мигратите се преземени од турската поморска патрола која мигрантите ги врати во Чешме, соопштија од албанското Министертво за одбрана.

Според Министерство, во рамки на хуманата мисија за спасување на мигранти кои илегално се обидуваат да се префрлат преку Егејското Море, во неговите води плови и бродот „Лисус“на албанската воена морнарица.

Во неколку наврати двата брода од сигурна смрт имаат спасено повеќе од 200 нелегални мигранти, меѓу нив и деца,главно Сиријци, Палестинци, Ирачани и неколку Египќани.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела