Албанскиот претседател Мета бара итни мерки од Владата: Ништо не е поважно од животите на граѓаните

Од:

По низата дневни рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19 во земјата, албанскиот претседател Илир Мета ја изнесе својата загриженост за влошената состојба и побара од Владата да го зголеми буџетот за здравствениот сектор.

Исто така, тој бара под итно преземање на сите потребни мерки и зголемување на болничките капацитети за интензивна терапија, набавка на потребните апарати и преземање на се што е неопходно за третирање на заболените од коронавирус.

– Ништо не е поважно од животот на граѓаните, порача Мета.

Тој потенцира дека секој граѓанин треба да биде совесен во спроведувањето на јавните препораки, за носење маски, почитување на физичката оддалеченост и максимална хигиена, бидејќи „најмала неодговорност не само што го загрозува нивното здравје и живот, туку и на нивните деца, родители, баби и дедовци, соседи и пријатели“.

„Многу е важно, особено во услови кога сме во екот на туристичката сезона, да покажеме максимална одговорност и соработка. Само на овој начин и благодарение на националната солидарност ќе можеме да ја надминеме оваа опасна пандемија со најмали можни последици, не дозволувајќи нејзина натамошна ескалација. Заедно да го заштитиме здравјето на секој граѓанин“, напиша Мета на Фејсбук.

Во објавата, албанскиот претседател постира фотографија на преморени и вознемирени медицински лица и искажува огромна благодарност за несебичната пожртвуваност на белите мантили.

Според последно соопштените податоци, вчера во Албанија е регистриран нов рекорд, во низата рекордни бројки на новозаразени, или 139 лица. Загрижувачки е и бројот на хоспитализирани лица. Синоќа по пишувањата во медиумите, Министертвото за здравство и социјална заштита призна дека бројот на хоспитализирани е 200 наспроти објавената бројка од 110 пациенти.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он