Албанскиот премиер Рама сепак ќе го посети Белград

Од:

Албанскиот премиер одлучи да го посети Белград и покрај инцидентите кои доведоа до прекин на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во вторникот.

Тоа ќе биде прва посета на албански премиер на Белград по 68 години.

– Рама потврди дека е одлучен да го посети Белград. Ставот на албанските власти е непроменет и покрај разочарувањето предизвикано од инцидентите и реакцијата на одговорните српски претставници. Посетата е во интерес на двете земји, но се разбира дека српската страна треба да го потврди ангажманот и волјата и да гарантира добар тек на средбата, изјави денеска албанскиот вицепремиер Нико Пелеши.

Портпаролот на албанското Министерство за надворешни работи Глеви Дервиши посочи дека „Тирана е одлучна да не падне во стапицата на насилството“ и оти „останува ангажирана да дејствува за мир, соработка и дијалог меѓу државите од регионот“.

Планирано е Рама да го посети Белград на 22 октомври.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија