Албанската Законодавна парламентарна комисија го поддржа Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Од:

Законодавната парламентарна комисија на албанскиот Парламент едногласно го поддржа Протоколот за членство на Македонија во Северноатлантската алијанса.

– Членовите на Комисијата од власта и од опозицијата, по долг период за првпат се одногласни околу едно прашање а тоа е изгласувањето на Протоколот, со кој се отвора патот за Северна Македонија да се приклучи во НАТО како 30-та членка, наведуваат албанските медуми.

Со денешното гласање на Протоколот од страна на Законодавната комисија му се дава зелено светло на Собранието да го ратификува Протоколот, што ќе се случи во четврток, за кога веќе е закажана седница.

Агенцијата „Балкан веб“ јави дека на собраниската седница во Албанија се очекува да присуствува претседателот на Собранието Талат Џафери.

Четврток, како можен ден за ратификација на Протоколот го посочи и претседателот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи на средбата со македонскиот амбасадор Данчо Марковски.

– Првиот можен датум за ратификација е следната седмица, 14 февруари 2019 година, за кога е закажана седница на Собранието, изјави Ручи.

Имено, албанските власти го поздравија потпишувањето на Протоколот за членство на Македонја во НАТО оценувајќи го како чин на гаранција за безбедноста и стабилноста во регионот.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија