Албанската влада ја спроведе традиционалната крводарителна акција

Од:

Традицијата за доброволно дарување крв во албанската Влада продолжува и годинава, во знак на, како што велат, човечката солидарност.

Со денешната акција владата се приклучи на слоганот на Светскиот ден на крводарувањето 2022 “обединете се во напорите и спасете живот”.

Меѓу првите крв даруваше премиерот Еди Рама(58) кој е редовен крводарител веќе две децении.

– Дарувајте крв зашто таа спасува нечиј живот. Знајте дека тоа не е опасно, туку е многу полезно за телото, рече Рама.

Мобилната екипа на Црвен крст беше сместена во просториите на владината библиотека, а драгоцена течност што живот значи даруваа и вработените во владината администрација.

Освен Рама повеќекратен крводарител е и претседателот во заминување, Илир Мета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија