Албанската полиција уништи 20 илјади садници марихуана

Од:

Полицијата од јужниот албански град Саранда во атарот на селото Кардоќ, во близина на границата со Грција, уништи околу 20.000 садници мархуана, јави дописникот на МИА.

– Петнаесет илјади садници се уште беа како расад, додека пет илјади беа засадени и достигнуваа висина до 30 сантиметри. По лоцирањето на местото полицијата изврши уништување со палење, стои во полициското соопштение.

Местото каде што се развивал расадот и парцелата со веќе засадената марихуана се во планински предел, а полицијата води истрага за да ги иднтификува лицата кои го одгледувале канабисот.

Претходно, полицијата од Ѓирокастро, исто така во јужнот дел на Албанија, уништи шест илјади садници марихуана. При тоа, беше уапсено и едно лице, жител на селото Бечиште кај Тепелена.

Би можело да ве интересира

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

ВИДЕО: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб

Катерина Ѓуровски

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on