Албанската опозиција протестираше пред Парламентот

Од:

Албанската опозиција денеска ја почна најавената серија масовни антивладини протести, кои, како што најави ќе продолжат се до заминување на актуелната влада на премиерот Еди Рама.

Пред насобраните неколку илјади членови и приврзаници на опозицијата, пред албански Парламент, се обрати лидерот на најголемата опозициска сила, демократската партија, Љуљзим Баша.

– Во изминатите две години, економијата потвди дека инвестициите се намалуваат а сиромаштијата расте. Корупција, шверц и дрога во оваа влада а за тоа никој не одговара пред законот. Рама народот го претставува како арамија, кога самиот ги урива сите арамиски рекорди. Кој може да толерира ваква влада да крадци, кој може да толерира министри галвмни шверцери. Никој не е наивен ова повеќе не може да се толерира, – изјави Баша пред насобраните.

Тој нагласи дека е „за мирни протести се до соборување на владата“ заблагодарувајќи и се полицијата.

– Знаеме дека и вие сте со нас. Го почитувате законот а не неправедната држава.Вие сте со народот а не со Еди Рама, – рече Баша, упатувајќи апел до сите граѓани да ги подржат и да стават крај на владеењето на “Владата на криминалци“.

Денешниот протест се одржа пред албанскиот законодавен дом, за да искаже незадоволството од буџетот за наредната година, во кој се предвидени зголемувања на даноците, што за опозицијата е кражба на граѓаните.

На протестот уште еднаш беше побарано да се формира техничка влада која ќе спроведе вонредни избори.

Протестот мина мирно ако се иземе гаѓањето со јајца и брашно во правец на објкетотна Парламентот.

Следниот протест многу помасовен опозицијата го најави за 21 декември.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски