Албанија и Косово ќе го унифицираат образованието

Од:

Mинистрите за образование на Албанија и Косово, Линдита Никола и Рам Буја денеска во Тирана потпишаа договор за унификација на предуниверзитетското образование.

Како што јави допсиникот на МИА, на церемонијата присуствувааше и албанскиот премиер Еди Рама, кој го поздрави потпишувањето на овој значаен документ за двете земји и нагласил дека не може да постои граница меѓу еден народ, кога станува збор за соработката, додека предизвик останува унифицирањето со Европа.

– Она што го направија министерствата за образование за да се постигне овој договор претставува активен национален простор. Соработката со Косово нема граници, заедно ни останува предизвикот унифицирањето со Европа. Овој ден се влегува во историјата на развојот на образованието, ден кога се поставува камен темелник на обединувањето на образованието меѓу двете земји, изјави Рама.

Според него, спогодбата ќе послужи и за зачувување и пишување на албански јазик онака како што треба, зошто периодот на транзицијата се претворил во закана за осакатување на албанскиот јазик.

– Ова ќе биде еден историски ден за образованието во Албанија и во Косово. Една нова квалитетна ера почнува за албанското образование. Образование врз база на стандардите на ЕУ, изјави министерката Никола.

И за нејзиниот косовски колега ова е историски ден и документ.

Според министрите, овој систем ќе биде имплиементиран во повеќе училишта во новата учебна 2014/2015 учебна  година а потоа ќе се прошири и во останатите, зашто системот не може да се имплементира во една година.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река