Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Од:

Албанскиот парламент денес усвои резолуција со која Иран се прогласува за државен спонзор на тероризмот, додека Корпусот на Исламската револуционерна гарда e означeн како терористичка организација.

Резолуцијата ја предложи Социјалистичката партија на Албанија и беше усвоена на пленарна седница на која не беа присутни пратениците од Демократската партија на Албанија, објави агенцијата АТА.

Претседателот на парламентарната група на социјалистите, Таулант Бала, ги повика пратениците да го поддржат документот, наведувајќи дека тој е поврзан со клучните прашања од меѓународната безбедност, борбата против тероризмот и одговорноста на државите што го поддржуваат или толерираат.

Тој рече дека борбата против тероризмот денес претставува и борба за заштита на демократијата, владеењето на правото и зачувувањето на меѓународниот мир и стабилност.

Бала нагласи дека Албанија е јасно посветена на меѓународен поредок базиран на правила и соработка против тероризмот, нагласувајќи дека како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија, има обврска да придонесе за колективната безбедност.

Тој додаде дека прашањето не е само геополитичко, потсетувајќи дека во 2022 година Албанија беше цел на сериозен кибернапад врз државните институции, додека, како што рече, парламентот неодамна беше изложен на нов кибернапад.

Според него, целта на резолуцијата е јасно да се осуди секоја форма на државна поддршка на тероризмот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Иранците ги напуштија преговорите за завршување на војната со САД

Катерина Ѓуровски

Иран се заканува со силен одговор на каков било напад, Емиратите стравуваат од нова војна

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци