Албанија го поддржува дијалогот Косово-Србија, потврди претседателот Мета

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета на денешната средба со спикерот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца, ја изрази поддршката на Албанија за дијалогот Косово-Србија, за нормализирање на односите меѓу двете земји и ја истакна потребата постигнатите договори да не останат само на хартија, туку да почнат да се спроведуваат.

– Многу е важно сите политички сили на Косово да бидат обединети околу сеопфатната платформа во овој процес. Охрабрувам тесна соработка со стратешките партнери, кои одиграа клучна улога во независноста на Косово и неговата меѓународна афирмација, истакна Мета.

Исто така, тој додаде дека визната либерализација за граѓаните на Косово е неопходност и посакал да се случи колку е можно побрзо.

Коњуфца од своја страна рекол дека е „време за заедничка политика“.

– Досега имаме само соработка на ниво на добри соседи, но мислам дека соработката треба да се подигне на друго ниво, а тоа е соработка меѓу две земји со еден народ. Со поделени, фрагментирани гласови доживеавме само штета, и двете наши држави. Косово се соочува со напорите на Србија, кои на крај имаат за цел да го дестабилизираат Косово и да создадат српски територијален ентитет во рамки на Косово, контролиран од Белград, нагласи Коњуфца.

Овој став тој го искажал и на средбата со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, за кого, пак, приортет останува продолжување на меѓународното признавање, членството на Косово во меѓународните институции и успешното завршување на дијалогот меѓу Косово и Србија што подразбира взаемно признавање.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски