Албанец запрен на хрватско-српската граница, во автомобилот имал околу 11 килограми хероин

Од:

Дваесетгодишен државјанин на Албанија на 20 февруари, 15 минути по полноќ на влез во Република Хрватска пристигнал на граничниот премин Батина како возач на автомобил со албанска национална ознака, објавија хрватските медиуми.

Откако полициските службеници од Граничната полициска станица Бели Манастир се посомневале дека 20-годишникот превезува дрога, автомобилот бил прегледан од куче откривач на дрога, кое позитивно реагирало на присуство на дрога.

Полициски службеници од Одделението за нарко-криминалност, заедно со полициски службеници од Граничната полициска станица Бели Манастир и овластени царински службеници од Службата за мобилни единици Осиек, по наредба на Жупанискиот суд во Осиек, извршиле претрес возилото и пронашле 21 пакување со вкупно 10.924 килограми хероин, кој со потврда е одземен.

Странецот е уапсен и по кривичната истрага е предаден на притворскиот надзорник, а против него е поднесена кривична пријава до Управата за сузбивање на корупција и организиран криминал поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и тргување со дрога како дел од злосторничко здружување, велат од хрватската полиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ