Албанците во време на пандемија повеќе трошеле на луксузни добра

Од:

Во Албанија, продажбата на луксузни добра, вклучувајќи храна од странство, детергенти, мебел и накит, се зголеми од почетокот на пандемијата, соопшти Институтот за статстика(ИНСТАТ) за податоците за 2020 година.

Во споредба со 2019 година, увозот на кафе, цигари, алкохол и часовници се намали, а минатата година најпродавани се тестенини, житарки, брашно и масло.

Поради забраната за свадби, празнични собири и затворање на барови и ресторани, потрошувачката на алкохол е намалена, меѓутоа, кога станува збор за накит, продажбата на накит поскап од 1.000 евра е зголемена за пет проценти.

Според албанските медиуми, се претпоставува дека тоа е поради побогатите граѓани на Албанија, кои не можеле да патуваат поради пандемијата, но парите ги потрошиле во домашното стопанство.

Продажбата на детергенти во март 2020 година се зголемила за 50 проценти и за осум проценти во текот на целата година во споредба со претходната година.

Исто така, продажбата на кармини се намалила за 20 проценти, веројатно поради носењето маски.

Од друга страна, побарувачката за производи за нега на кожа, сапуни и производи за коса е зголемена, додека продажбата на парфеми е на исто ниво како во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија