Албанците од Јужна Србија бараат помош од Владата на Албанија

Од:

Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓе после заедничката седница побараа денеска од Албанија во решавањето на проблемот во прешевската долина да се вклучат и меѓунатодните институции и усвоија декларација против отстранување на споменикот на борците на ОВПМБ.

Декларацијата содржи 10. заклучоци меѓу кои и дека Советот на албански советници ги повикува Албанија и Косово да влијаат на власта во Србија и да почнат дијалог со „легитимните политички претставници во Прешевската долина“.

Тие бараат од Албанија проблемот да го претстават во меѓународните институции.

На седницата иако беа поканети не присуствуваше ниту еден претставник на меѓународните организации и странските дипломатски претставништва.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ синоќа изјави дека Владата на Србија ќе го отстрани спорниот споменик во Прешево доколку не биде постигнат договор со локалната власт и оцени дека е незаконското поставување на споменикот е провокација за сите Срби. Тој и пред тоа најави отстранување на споменикот со сила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница