Албанци од јужна предизвикале инцидент во северна Митровица

Од:

Албанци од јужниот дел на Косовска Митровица синоќа во северниот дел од градот го каменувале обезбедувањето и поранешната зграда на општинското Собрание, соопшти српската владина Канцеларија за Косово и Метохија.

Како што јави Танјуг, напаѓачите по инцидентот побегнале во јужниот дел на Митровица. Во нападот нема повредени, а врз зградата е причинета помала материјална штета.

– Во последните недели нападите врз Срби и нивните имоти станаа речиси секојдневна појава. И овој инцидент, како и сите претходни, претставуваат груб притисок врз српскиот народ на Косово и Метохија, со цел да се откаже од учество на престојните локални избори и на тој начин да дозволи некој друг да одлучува за нивната и судбината на нивните деца, се наведува во соопштението.

Најновиот инцидент го осуди и Граѓанската иницијатива „Српска“ и ја повика „меѓународната заедница и сите надлежни да обезбедат мир, безбедност и соживот на сите граѓани на Косово и Метохија“.

 

 

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот