Алармантно кај мостот на Ибар: КФОР трупа сили

Од:

На главниот мост на Ибар во Косовска Митровица од утрово се видливи поголеми сили на КФОР.

Во претходниот период на мостот имаше главно две возила на карабинерите, а од утрово има забележително повеќе возила од вообичаено, пишува Косово онлајн. Покрај КФОР, видливи се и возила на ЕУЛЕКС и полициско возило.

На мостот има и работници, кои продолжуваат со поправките започнати пред неколку дена. Главниот мост на Ибар ја дели Косовска Митровица на јужниот дел од градот, каде што живеат Албанци, и северниот дел, каде 95 отсто од населението се Срби.

Албанците постојано се обидуваа да го нападнат северниот дел на градот каде што живеат Срби преку тој мост, што доведе до конфликти, а мостот континуирано го обезбедуваат италијанските карабинери од КФОР.

Властите во Приштина најавуваат негово отворање, на што остро се спротивставуваат ЕУ, ОБСЕ, ЕУЛЕКС, КФОР и САД, наведувајќи дека оваа тема мора да биде дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски