Аларм за опасност од можни поплави во Хрватска

Од:

Хрватската метеоролошка управа денеска објави „црвен аларм“ во реонот на градот Карловац, поради очекуваните поројни дождови и можна појава на поплави.

Како што јави Танјуг, во исто време Управата објави и „портокалов аларм“ за областите Горски Котар, Лика и Далмација и за реонот на Загреб, каде покрај дождови се очекуваат и силни ветрови и грмотевици.

Според Управата, се очекува врнежите во јужните делови на Хрватска да траат до понеделник, од кога се очекува постепено разведрување, додека во останатите делови на земјата врнежливо време се предвидува за до среда.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад