АКП гласаше Ердоган да се кандидира за претседател

Од:

Поголемиот број на пратеници од владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП) денеска со тајно гласање ја поддржаа идејата премиерот Реџеп Тајип Ердоган да се кандидира за претседател на првите директни претседателски избори во август.

Гласањето претставуваше неофицијален тест на внатрепартиската поддршка, но Ердоган сам ќе одлучи дали ќе се кандидира за претседател.

– Убедливо мнозинство во АКП ја поддржа идејата Ердоган да се кандидира за претседател. Мала група оценува дека тој треба да остане на чело на партијата, изјави неименуван партиски извор.

До сега шефот на турската држава го избираше Парламентот. Актуелниот претседател Абдула Ѓул е близок соработник на Ердоган и еден од основачите на АКП. Ако Ердоган се кандидра за претседател, се очекува Ѓул да го замени на премиерското место.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски