Акар: Турција нема намера да влегува во судир со Русија во Идлиб

Од:

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар во интервју за Си-Ен-Ен Турк изјави дека земјата нема намера да влегува во судир со Русија во Идлиб, а единствената нивна цел се сириските војници.

-Немаме намера да влегуваме во судир со Русија. Нашите преговори за Идлиб не се во ќорсокак, тие ќе бидат продолжени. Нашите набљудувачки пунктови, исто така, ќе продолжат да функционираат, рече министерот.

Тој, исто така, не ја исклучи можноста Анкара и Москва да почнат таму да спроведуваат заеднички патроли.

-Сето тоа може да се направи. Главно е да се примени меморандумот од Сочи, рече министерот во коментар на информацијата на неколку медиуми дека Анкара и Москва можат да почнат заеднички патроли во регионот на Идлиб.

Турскиот министер за одбрана забележа дека воените експерти на двете земји поддржуваат „здрав дијалог” во однос на актуелната ситуација во Идлиб.

Би можело да ве интересира

Турција затвора 30 големи градови поради коронавирусот

Ана Ололовска

Турција: Од полноќ забрането движење на помлади од 20 години

А1он

Во Турција загубени два милиона работни места поради коронавирусот

А1он

Со пристапот „трговија без контакт“ непречен извоз во и од Турција

А1он

Турција очекува авио-сообраќајот да се нормализира до крајот на јуни

Ана Ололовска

Турција го обнови увoзот на американски природен гас

А1он