Аида Хајнај и официјално прв човек на албанското Национално биро за истраги

Од:

Аида Хајнај и официјално стана прв човек на албанското Национално биро за истраги (БКХ) или како што го нарекуваат албанско ФБИ, јави дописничката на МИА од Тирана.

По предлог на Специјалното јавно обвинителство (СПАК), едногласна одлука за тоа донесе Високиот совет на обвинители на Албанија.

СПАК во изминатите осум месеци изврши верификација на сите пријавени кандидати и во најтесен избор останаа четворица, меѓу кои и Хајнај. Откако полиграфот го минала единствено таа, пред четири дена предлогот беше даден до Високиот совет на обвинтели.

Хајнај доаѓа од функцијата заменик-генерална директорка на албанската државна полиција.

Изборот на директор на Националното биро за истраги министерката за правда, Етилда Ѓонај го оцени како важен момент и чекор напред во правосудната реформа.

– Назначувањето за шеф на БКХ е многу важен момент, силен чекор напред во резултатите од реформите во правосудството. БКХ е камен-темелник на зградата на кривичната правда , изјави Ѓонај.

По изборот на директор на БХК, СПАК ќе избере 60 агенти на оваа структура, по што раководството и агентите на БКХ ќе бидат на обука три месеци во акамедијата на ФБИ во Вирџинија.

Назначувањето на Аида Хајнај за шеф на Националното биро за истраги го поздрави Американската амбасада во Тирана.

Во објава на Фејсбук, Амбасадата пишува дека нејзиното назначување е историски чекор во спроведувањето на реформите во правосудството, што мора да оди напред.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија