Ахмет Давутоглу во Анкара се сретна со новиот лидер на кримските Татари Рефат Чубаров

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу во Анкара се сретнал со новиот лидер на кримските Татари, Рефат Чубаров, како и со неговиот претходник Мустафа Џемилев, соопшти турскиот сајт Ворлд булетин.

Средбата, што се одржала вчера, била зад затворени врати.

Истовремено, турското Министерство за надворешни работи ја осуди забраната за пристап до руска територија и посебно на Полуострвот Крим, што руските власти му ја наметнаа на Рефат Чубаров.

„Оваа петгодишна забрана нема никаква правна основа. Тоа е отворено прекршување на Европската конвенција за заштита на правата на човекот“, се наведува во соопштението на турското МНР.

Пртеходно, оваа пролет, на Мустафа Џемилев, исто така, му беше наметната забрана за пристап до руска територија во рок од пет години.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски